Зошто е потребно да се изучува скулптура и скулпторска уметност?
Скулптурата како уметничко дело претставува трансформација на цврст материјал во било која форма или облик и зазема значајно место во човековиот креативен свет откако постои и самиот човек. Со овој вид на уметност се занимавале најголемите личности во светот на ликовните уметности, како што се Донатело, Микеланџело, Пикасо, Бранкуси и тн.
- Постојат многу причини зошто скулптурата и скулпторската (3Д) уметност треба да се изучуваат.Обликувањето помага кај учениците да се развие самодисциплина. Изработката на скулптура бара многу трпение за реализација. Заедно со овие доаѓа чувството за одговорност кон работата. Учениците ќе бидат во можност поедноставно да сознаат дека ништо не доаѓа без истрајна работа и реализација и ќе создадат корисни навики и придобивки за понатаму во животот да создадаваат поголеми нешта.Обликувањето, исто така, им помага на учениците да ги развијат своите уметнички способности. Пред се ученикот треба да има талент и да ја предизвика сопствената имагинацијата. Преку обликувањето студентите ќе бидат во можност да научи и развијат техники за усовршување на својот талент и креативност.Обликувањето им помага на учениците во развојот на нивните набљудувачки вештини. Тие ќе научат како да го гледаат светот во сите детали. Тие ќе обрнуваат повеќе внимание во секој дел и детаљ на објектот што го гледаат. Заедно со учење скулптура и 3Д уметност, тие исто така ќе научат да го гледаат светот на еден пореален начин.Обликувањето, исто така, им помага на студентите да ги развиваат своите психомоторни вештини. Тие ќе научат дека има неограничени можности како да комбинираат тридимензионални форми и предмети и да направат уметничко дело.
Придобивки
Аналитичките вештини на една личност во голема мера се развиваат преку обликување на скулптура и 3Д уметност. Учениците добиваат можност да научат да работат и обликуваат форми и објекти и да стекнат знаење што е значењето на тие форми поединечно и во односот со други објекти. Тие, исто така ќе бидат во можност да стекнат корисни вештини, а ќе научат многу полесно да формулираат решенија во просторот како и за нивните проблеми во животот.
Оваа форма на уметност, исто така, придонесува учениците спонтано и детално да ја запознаат природата и околината. Преку оваа форма на уметност, тие се во можност да ја видат вистинската убавина на нивната околина, вклучувајќи ги и местата, животните, луѓето и работите околу нив. Изучувањето на Скулптура и 3Д уметност, едноставно им отвора хоризонти на учениците да видат дека убавината може да се најде насекаде во светот, така што тие треба само да ја разиграат креативноста и со очите и умот да ги видат.